17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Духот на Жота вмеша прсти, погодокот на Фримпонг беше во 20 минута и 20 секунди!

Ливерпул води со 2-1 по првото полувреме на англискиот Суперкуп, Компјунити шилд против Кристал Палас, а голот на 2-1 беше случаен бидејќи намерата на бекот и стрелец Жереми Фримпонг беше да нафрли, а не да шутне кон голот.

Топката доби чудно движење, ги измами сите и заврши во мрежата.

Да биде уште почудно и побизарно, шутот беше после 20 минути и 20 секунди игра, а денешниот меч на Вембли е во чест на покојниот Диого Жота од Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести