Духовита роденденска честитка од Ајакс за Весли Снајдер

Холандскиот фудбалер Весли Снајдер, во својата кариера играше за славни клубови како Ајакс, Реал Мадрид и Интер, но секако најголема заслуга за тоа што стана ѕвезда има амстердамскиот клуб, па од Ајакс утрово за 35-тиот роденден, први му честитаа.

Снајдер денеска полни 35 години, а од Ајакс на духовит начин му честитаа.

„И после 35 години, уште не знаеме дали си левучар или деснак. Среќен роденден Весли“ – му напишаа од Ајакс на својот поранешен член и холандски репрезентативец.

Пораката се однесува на фактот дека Снајдер играше и шутираше одлично и со левата и со десната нога, а од Ајакс објавија и фотографии од првите години на Снајдер како играч на „копјаниците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести