Барселона и Басконија вечерва во 20 часот го почнуваат финалето на плејофот во шпанскиот кошаркарски шампионат, се игра еден меч во Валенсија, победникот ја освојува титулата, а тренерите кои се од поранешна Југославија, заедно позираа покрај пехарот. За да го разберат и шпанските новинари, Светислав Пешиќ, кој ја предводи Барса, на шпански јазик му порача на колегата Душко Ивановиќ од Басконија дека смее да го пипне пехарот бидејќи вечерва не се знаело што ќе биде.
Кој тренер и да слави, тоа ќе му биде трета титула во Шпанија.
Погледнете ја симпатичната провокација на духовитиот Пешиќ, на која Црногорецот само се насмеа и му порача „Добро“:
Pesic, a Ivanovic: "Toca un poco, porque más tarde…"#LigaEndesa pic.twitter.com/tX9ptso8Fh
— Liga Endesa (@ACBCOM) June 29, 2020