Дуото М&М спречи историски дебакл на Реал Мадрид – Елче прокоцка предност од два гола, па се спасуваше од пораз (Видео)

Елче беше на прагот да приреди првокласна сензација со историска победа во Мадрид против Реал, но гостите прокоцкаа предност од 2:0 и примија два гола во последните десеттина минути за реми, 2:2.

Лука Модриќ и Едер Милитао анулираа негатива од 0:2 на „Сантијаго Бернабеу“ во драматичен меч.

Почна добро за фаворитот, но за малку ќе завршеше неславно со пораз од екипата што пред три дена ја елиминираа во Копа Дел Реј.

Во 33. минута беше досуден пенал за Реал Мадрид, а Карим Бензема промаши по фантастичната серија од 16 погодени пенали во дресот на Кралскиот клуб.

Уште полошо за лидерот во Шпанија допрва следеше, а сензација со гол во 42. минута најави Лукас Боје.

Аргентинецот погоди со глава за 0:1 на „Сантијаго Бернабеу“ и потоа следеше уште еден шок за Реал Мадрид.

https://twitter.com/GarraSportsMx/status/1485281802189168640?s=20

Во 52. минута беше досуден уште еден пенал за Реал, но судијата Бенгоечеа ја промени одлуката, откако ја провери спорната ситуација со помош на ВАР системот.

Пере Мила беше вториот јунак на Елче во извонредниот меч во Мадрид, а погоди за 0:2 во 76. минута.

Нов пенал за Реал имаше во 82. минута, а погоди Лука Модриќ за 1:2, и повторно судијата Бенгоечеа проверуваше со помош на ВАР системот, но покажа на белата точка.

Милитао израмни со гол во 92. минута и го спаси Реал од сензационален пораз.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести