32.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Дупка во тревникот беше причината за прекинот на мечот Австрија – Кипар (Фото)

Австрија го победи Кипар со 1-0 и остана со максимален ефект по три натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, но мечот беше во прекин десеттина минути поради неверојатна причина.

Фудбалерите во 77-мата минута забележаа дека на работ од австрискиот шеснаесетник има дупка и тоа длабока околу 20 сантиметри, па веднаш беше побарано од луѓето задолжени за одржување на теренот таа да биде санирана.

Натпреварот по десеттина минути продолжи, а на крајот се покажа дека голот на Сабицер од пенал во 54-тата минута беше единствениот, но и доволен за три бода за Австрија.

 

- Оглас -

Најнови вести