Најдобриот светски атлетичар и светски рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис, ги откри своите амбиции да го собори светскиот рекорд на Европското првенство следната година во август во Бирмингем.
Шведскиот рекордер соборуваше светски рекорди на Олимписките игри и на Светските првенства во атлетика во последните две сезони, па сега си постави цел да постави светски рекорд и на ЕП.
„Сè уште не сум го соборил светскиот рекорд на Европско првенство? Значи, тоа треба да биде нешто што морам да го направам. Би било одлично ако го направам тоа во Бирмингем. Само треба да се фокусирам. Само од мене зависи да бидам во вистинската форма и подготвен кога ќе дојде време“, рече Дуплантис.
Актуелниот рекорд е 6,30 метри кој го постави во Токио, кога ја освои својата трета светска титула во септември.

