Дуплантис продолжува да ги поместува границите, отиде и над 6.22 во сала (Видео)

Шведскиот скокач со стап, Арманд Дуплантис, постави нов светски рекорд во сала во оваа атлетска дисциплина. Дуплантис синоќа во Клермон-Феран, прелета 6.22 метри, што е најдобро остварување во историјата.

Стариот рекорд од 6.21, Дуплантис го имаше поставено лани во јули. Синоќа беше вистинска драма, бидејќи Швеѓанецот дури во третиот последен обид успеа да ја прескокне летвичката, откако во првите два обиди не беше ни блиску до такво нешто.

Дуплантис има 23 години, пред него се веројатно уште многу рекорди. На 2 март почнува Европското првенство во сала, но Дуплантис нема да учествува.

https://twitter.com/i/status/1629598714858708992

- Оглас -

Најнови вести