Обложувач во Sport Life немаше ниту грам среќа за топ-добивка од околу 500 илјади денари во нето износ на два тикети, со вкупна уплата од 80 денари.
Двата тикети се идентични, едниот со уплата од 30 денари, вториот со 50-че, а промашен е исходот на дербито на Португалија помеѓу Порто и Бенфика.
Типувано е дека Порто ќе победи на последниот меч на двата тикети, што почна во 21.15 часот во петокот, а заврши со триумф на Бенфика од 1:0 на гостински терен.
Вкупниот коефциент е огромен и изнесува 7.362 поединечно на двата тикети, па како утеха обложувачот што одигра феноменално, но и немаше среќа, ќе добие ваучери во вредност десетпати поголема од уплатите на двата тикети.