3.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Дупната гума е причина за сообраќајката во која загинаа две лица, а легендарниот боксер Џошуа се спаси

Нигериската полиција потврди дека дупната гума е причина за сообраќајната несреќа во која за малку ќе настрадаше британскиот боксер Ентони Џошуа, но имаше двајца загинати. Легендарниот 36-годишен боксер едвај се спаси откако автомобилот „СУВ лексус“, во кој тој седеше на задното седиште, удри во застанат камион на опасниот пат Лагос-Ибадан.

За разлика од Џошуа, неговите пријатели Латиф Ајоделе и Сина Гами загинаа на самото место на сообраќајката. Двајцата мажи кои беа речиси исто годиште како Џошуа, патуваа со поранешниот светски првак во тешка категорија.

Бабатунде Акинбији, кој е командант на Нигериската полиција за сообраќај и контрола, изјави дека првичната истрага покажала дека Лексусот загубил контрола откако дошло до пукање на едната гума додека автомобилот возел со голема брзина.

Полицијата верува дека „СУВ лексусот“, кој бил управуван од локален возач, изгубил контрола додека се обидувал да престигне друго возило.

Фотографиите и видеоснимките од местото на несреќата покажуваат дека камионот бил застанат покрај патот, блиску до внатрешната лента на автопатот на којшто имало три ленти за движење.

Џошуа и возачот преживеаја затоа што биле на левата страна од возилото, додека двајцата настрадани биле на десната страна на предното и задното седиште.

- Оглас -

Најнови вести