8617 Њу Орлеанс пеликанс – Милвоки бакс (01.30 часот)
Кај овој пар јасно е дека гостите се фаворити, па поисплатливо е да се типува на вкупно поени на мечот или на некој поединец (Вилијамсон и Инграм се главни адути на домашните, Адетокумбо и Мидлтон на гостите). Пеликаните се прилично ефикасна екипа, но имаат и лоша одбрана која прима многу поени и Милвоки ќе го користи тоа. Бакс е втор на Истокот, а Пеликанс е втор одзади на Западот. Статистиката покажува дека сигурно ќе има над 200 поени и дека двата тима ќе дадат троцифрен број на поени.
Предлог тип: 2 & >230.50 (2.55)
8618 Њујорк никс – Кливленд кавалирс (01.30 часот)
Никс имаше скор 8-8 пред да ги загуби последните три меча, а Коњаниците во моментов се на 9-9, и имаат два порази на последните три средби. Квотите за единица и двојка се речиси изедначени. Кливленд не е баш ефикасен гостин, ретко даваат над 100 поени на гости. Њујорк во подготвителниот период во декември, двапати го победи Кливленд во мечеви на кои Кавалирс даваше помалку од 100 поени.
Предлог тип: Т1/Т2 <100.50 (1.67)
8620 Оклахома Сити тандер – Бруклин нетс (02.00 часот)
Кевин Дурант и Џејмс Харден повторно заедно ќе играат во Оклахома сити, но сега како гостински играчи кои не се омилени таму, поради „предавствата“ кои ги направија во минатото и преселбите во тимови со шампионски амбиции. Но, тие двајца се толку добри, што колку и фановите на Тандер да се против нив, тие ќе му донесат победа на Бруклин од барем осум поени разлика. Нетс оди по четврта победа по ред, за да му ја прекине низата на Тандер од два триумфи едноподруго.
Предлог тип: Х 2 7.50 (1.67)
8648 Сан Антонио спарс – Денвер нагетс (02.30 часот)
Ова се соседи на табела, Денвер има една повеќе од Сан Антонио, благодарение на поефикасниот напад. Нагетс има пет победи по ред, но две им беа по продолжение од пет минути. За Мамузите ова е четврти меч по ред на домашен терен, ги добија последните два и нема да бидат лесен залак. Грутките и Мамузите двапати играа меѓусебе во 2020 година, и двапати победуваше Денвер во ефикасни мечеви со над 245 поени.
Предлог тип: Н. Јокиќ Денвер >21.5 (1.87)
8661 Јута џез – Далас маверикс (04.00 часот)
Јута е најдобар тим во НБА во досегашниот тек од сезоната со скор 14-4, има десет победи по ред, и тоа е целосна спротивност од формата во која е Далас. Лука Дончиќ и другарите имаат три порази во низа, па Маверикс е 12-ти на Западот со 8-10. Овие тимови играа меѓусебе и вчера, Џезерите триумфираа со 116-104. За победа на Дивите телиња, ќе треба експлозија на Дончиќ и огромен придонес од барем уште еден негов соиграч.
Предлог тип: 1 (1.65)