Дурант и Ленард нема да имаат милост против Торонто и Бостон

8593 Кевин Дурант (Бруклин нетс – Торонто репторс, 01:30ч)

Квалитетот на Дурант е неспорен и особено се истакнува во натпревари кои се третираат како дербија. Иако Торонто моментално не е моќен како во претходните сезони, со сигурност ќе биде неизвесен дуелот во предградието на Њујорк, па затоа доминантното крило на Мрежичките ќе покаже врвна игра.

Оваа сезона Дурант одржува просек од речиси 31 поен по натпревар, со надминување на таа граница речиси сигурен ќе биде триумфот за Бруклин. Непознато е дали Харден ќе игра во овој натпревар, а доколку Брадата отсуствува, поголемиот дел од товарот секако ќе падне на Дурант, па затоа логично е да се типува на плус поени.

Предлог тип. Дурант >27,5 поени (1.90)

 

8617 Kaвај Ленард (ЛА клиперс – Бостон селтикс, 04ч)

Овој дуел е последен од понудата меѓу петок и сабота, во кој се очекува Кавај Ленард да го покаже својот офанзивен раскош против Келтите. Клиперси целат на тоа да го одржат чекорот со водечките Јута и Лејкерс, па затоа им е потребна популарната Канџа да игра на високо ниво и да ја предводи екипата до нова победа.

Бостон не се наоѓа во добра форма во пресрет на гостувањето во Калифорнија, каде што ќе пристигне со учинок 2-3 од последните пет меча. Затоа се очекува Ленард да блесне и да додаде сол на раната на Бостон.

Предлог тип: Ленард >26,5 поени (1.95)

 

8607 Бредли Бил (Мајами хит – Вашингтон визардс, 02ч)

Бил со 32 поени беше незадржлив за вицешампионот минатата ноќ и му обезбеди победа на Вашингтон од 103:100. Веќе три натпревари ѕвездата на Вашингтон ја надминува границата од 30 поени, меѓутоа големи се шансите ноќеска да има потешкотии.

Ерик Сполстра, тренерот на Мајами, е познат перфекционист и пред сè се потпира на цврста одбрана, па нема да биде изненадување доколку креира рецепт со кој ќе го спречи Бил.

Предлог тип: Бил <32,5 поени (1.80)

 

8376 Орландо меџик – Чикаго булс (01ч)

Орландо и Чикаго моментално се во катастрофална форма со идентичен биланд 1-4 во последните пет натпревари. Магичните имаат дополнителни проблеми со отсуствата на стартерите како Гордон и Фулц, па затоа се доста неуспешни на офанзивен план.

Чикаго имаше серија од пет меча на домашен терен, во кои загуби во четири од нив, а што се однесува на гостинскиот учинок на Буковите, тој е 5-5.  Поради тоа, наместо да се типува победник, полесно е да се погоди низок збир на вкупни поени.

Предлог тип: <219,5 поени (2.12)

 

8402 Феникс санс – Детроит пистонс (03ч)

Феникс редовно го одржува просекот од над 110 поени во домашните натпревари, што не треба да претставува проблем во претстојната средба против Детроит. Пистонс како најслаба екипа од Истокот се наоѓа пред трет пораз во низа, односно вкупно 17-ти сезонава, бидејќи целта на Сонцињата е да го поправат билансот на домашен терен.

Иако Детроит славеше во четири од последните пет гостувања во Аризона, лидерите на Феникс Пол, Букер и Ејтон нема да дозволат ново разочарување.

Предлог тип: Т1 >111,5 поени (1.95)

- Оглас -

Најнови вести