Дурант никогаш не бил вака немоќен, пак нема да собере триплета 43

8380 Брус Браун (НБА, Бруклин – Бостон, 01 часот)

Брус Браун е единствената светла точка кај Мрежичките на Бруклин, кои беа топ-фаворити за титулата пред стартот на новата сезона во НБА, а сега се пред сигурна елиминација со негатива од 0:3 против Бостон селтикс.

Бекот на Бруклин се обидува да ја повлече заспаната машина, но иако игра одлично засега не успева да влијае на исходот во плејоф серијата од првото коло и ќе биде светско чудо ако со соиграчите се извлече од амбисот.

Браун почна скромно, но потоа на двата последни дуели одигра најдобро кај Бруклин. Двапати лесно ја надминуваше поставената граница со триплета во Sport Life, а типуваме дека и ноќеска ќе оди над 24.5 поени, асистенции и скокови во вкупен збир.

Предлог тип: > 24.5 поени+асистенции+скокови (1.85)

 

8382 Кевин Дурант (НБА, Бруклин – Бостон, 01 часот)

Кевин Дурент никогаш не бил вака немоќен како во плејоф серијата со Бостон селтикс, а агресивната одбрана на Џејсон Тејтум и на целиот тим на Келтите очигледно му создава многу проблеми.

Дурант е еден од најдобрите напаѓачи во НБА лигата, но не и во плејоф серијата со Бостон, каде му се заканува метла и испаѓање без ниту една победа.

Бостон води со 3:0 и ноќеска ќе има шанса со нова победа да се пласира во второто коло во Источната конференција.

Дурант на трите меча беше далеку од границата од 42.5 поени+асистенции+скокови што е понудата на Sport Life за ноќеска и типуваме дека пак нема да може да ја исполни предвидената триплета.

Предлог тип: <42.5 поени+асистенции+скокови (1.85)

 

8345 Џејсон Тејтум (НБА, Бруклин – Бостон, 01 часот)

Џејсон Тејтум игра на ниво на МВП во целата плејоф серија против Бруклин нетс и е извонреден и во одбрана и во напад.

Крилото на Бостон апсолутно го сопре Кевин Дурент и не му даваше да мрдне на трите меча досега, а има одличен учинок и во напаѓачкиот дел.

Предводени од него кошаркарите на Бостон го надиграа фаворитот на хартија и ноќеска можат и да го елиминираат со популарната метла, односно без пораз.

Тејтум изненади и во категорија што не му е својствена, па се покажа и како одличен асистент.

Просекот му се 8 точни додавања до соиграчите, што е над границата од 5.5 асистенции поставена за мечот што треба да се игра ноќеска.

Предлог тип: >5.5 асистенции (1.75)

 

8387 Џејмс Харден (НБА, Филаделфија – Торонто, 02 часот)

Џејмс Харден одлично ја прифати улогата на втора ѕвезда во тимот на Филаделфија 76 и сесрдно му помага на Џоел Ембид да го води тимот кон успех.

Засега таа комбинација е успешна, Филаделфија води со 3:1 во плејоф серијата и има шанса со победа ноќеска да се пласира во второто плејоф коло во Источната конференција.

Брадата сега почести асистира, а помалку солира и тоа се поакжува како џек-пот комбинација за 76-те.

На четирите натпревари против Торонто, Харден има вкупно 39 асистенции, или скоро 10 во просек, а типуваме дека ќе го задржи нивото и дека пак ќе има над 9.5 прецизни додавања за поени на некој од соиграчите.

Предлог тип: >9.5 асистенции (1.75)

 

8201 Чикаго блекхокс – Филаделфија флаерс (НХЛ, 02 часот)

Апсолутно ревијален ќе биде мечот меѓу Чикаго и Филаделфија во НХЛ лигата, а и двет екипи имаат слаба сезона и нема да играат во плејофот.

Блекхокс не можат да бидат подобропласирани од 14-то место во Западната конференција, а Филаделфија со победа може најмногу да се пробие до истата позиција на Истокот.

Флаерс имаат пет победи по ред против Чикаго што им дава надеж дека пак можат да го надиграат ривалот и да направат серија од три победи по ред.

Мечот е без резултатско значење и може да се игра хокеј без императив, па може да има и доста голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.50)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести