Дурант официјалното деби за Нетс ќе го запише против тимот со којшто освои два шампионски прстени

Повеќе од една година откако потпиша за Бруклин нетс, Кевин Дурант конечно ќе го дочека официјалното деби за екипата, а ќе го запише токму против Голден стејт вориорс, тимот од каде што си замина повреден и со два шампионски прстени.

Дурант последниот меч во НБА го одигра во финалната серија од сезоната 2018/19, во која Воините загубија од Торонто по шест натпревари. Дурант се појави на паркетот во петтиот дуел во кој запиша 11 поени и не го доигра целосно бидејќи ги скина лигаментите од Ахиловата тетива.

„Уште сум во контакт со соиграчите од Голден стејт. Со Стеф и Дрејмонд се среќавам одвреме-навреме, со сите сум во добри односи. Јас си заминав од таму, но нашата врска никогаш нема да се расипе, без разлика чиј дрес носам. Многу сум благодарен за времето поминато во тој клуб, јас секогаш ќе бидам Воин“, посочи Дурант во пресрет на долгоочекуваниот камбек на паркетите.

Со дуелот (01ч) Бруклин нетс – Голден стејт вориорс се отвора новата сезона 2020/21, а три часа подоцна ноќта ќе ја одбележи градското дерби на ЛА меѓу актуелниот првак Лејкерс против Клиперс.

- Оглас -

Најнови вести