9.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Дурант со тројка на секунда до крај го растажи својот поранешен тим, а израдува илјадници (Видео)

Кевин Дурант со тројка на 1,1 секунда до крајот, му донесе победа на Хјустон рокетс против Феникс санс, тим во кој Дурант играше пред да дојде кај Ракетите, па триумфот му е посебно сладок.

Ветеранот даде 26 поени, а после мечот призна дека му де посебно мило што овој победнички шут беше токму против Санс кон кои има одмазднички мотиви, затоа што не сакал да си оди од таму, туку го „шутнале“ како непотребен.

Детроит го прегази Њујорк со 121-90 и покажа зошто е број 1 на Истокот засега сезонава, додека Никс по овој дебакл, и победата на Бостон против Чикаго, паднаа на третото место на Истокот, а Селтикс се качи на второ. Ова беше прв дуел на Пистонс и Никс откако лани њујорчаните со 4-2 го елиминираа Детроит од плејофот.

Денвер по продолжение славеше во Филаделфија со 125-124, а јунак на Нагетс беше Џејлен Пикет со личен рекорд од 29 поени.

Ова е тројката на Дурант која е потег на вечерта во НБА:

- Оглас -

Најнови вести