Дурант вечерва нема да игра за Бруклин, но тука е Кајри Ирвинг, а Јокиќ оди по нов трипл-дабл

Вечерва се играат четири натревари во НБА-лигата за кои Sport Life подготви одлична понуда со 161 различна игра. Освен на конечен исход, може да се игра на вкупно поени, на разни хендикепи, поени во секоја четвртина, Т1 и Т2 и уште многу разновидни игри.

Првиот натпревар е дербито на Истокот меѓу Милвоки бакс и Торонто репторс. Во редовите на Милвоки владее неизвесност дали првата ѕвезда Јанис Адетокумбо се закрепна од повредата на коленото или ќе го пропушти и дуелот со Торонто.

Елените вчера на денот на Мартин Лутер Кинг ја прекинаа мини-серијата од два порази по ред и со 132:119 ја совладаа Индијана, и тоа благодарение на Џру Холидеј. Торонто се наоѓа во одлична форма, победи на четири од последните пет меча и почнаа да се искачуваат на табелата. Торонто има скор од 20 победи и 24 порази и е десетти во Источната конференција, додека Милвоки е третопласиран со скор 28-16.

Дерби ќе има и на Западот, Денвер нагетс го пречека Портланд трејлблејзерс и тука сите очи на јавноста и фановите ќе бидат вперени во Никола Јокиќ, кој ќе се обиде да дојде до нов трипл-дабл.

Бруклин нетс загуби на последните два натпревари, но сепак остана второпласиран на Истокот со скор 27-15 и вечерва против еден од најслабите тимови сезонава ќе се обиде да им се врати на победите. Мрежичките сè уште се без Кевин Дурант, кој има повреда на коленото, но затоа тука е Кајри Ирвинг, од кого се очекува да ја презеде лидерската улога.

Посебно интересна за обложувачите што ја следат внимателно НБА-лигата е понудата со кошаркари за индивидуални тотали во поени. Има граници за плус и минус, а ноќеска во понудата има 19-мина кошаркари.

Највисока е границата за центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, и изнесува 32,5 поени, еден поен помалку се бара од Демиен Лилард, а 30,5 поени е границата за Кајри Ирвинг.

 

- Оглас -

Најнови вести