Дури 11 од 12-те меча во Африка завршија со 0-1 гол

Веќе трет ден во низа на Африканското фудбалско првенство мечевите кои се играат завршуваат максимум со еден погодок. Денеска се играат три дуели и на сите три имаше победник благодарение на еден погодок.

Мали со 1:0 го победи Тунис, Гамбија со истиот резултат славеше над Мавританија, а Брегот на Слоновата Коска даде еден гол и тоа беше доволно за да се радува во дуелот против Екваторијална Гвинеја.

Досега се одиграа 12 средби во Африканскиот куп на нациите, а дури 11 во низа завршија со максимум еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести