Тиквеш и Арсими одиграа меч за паметење кој им припадна на гостите со 4-3, иако губеа 1-3 до 84-та минута, а Башкими немаше проблем со Шкупи и славеше 4-1 во денешните два натпревари од Првата македонска фудбалска лига со кои се отвори 10-тото коло.
Кавадарчани скапо ја платија претераната самодоверба. Со два гола на Садик имаа комотно водство од 2-0 по првото полувреме, а откако гостите намалија на 1-2, само шест минути подоцна Тиквеш даде гол со кои пак се одлепи, но како да беа сигурни во победата и се опуштија, за што беа сурово казнети во финишот. Предупредувањето дојде во 84-та минута, кога Арсими постигна гол за 2-3, а три минути подоцна Шефити даде убав гол за 3-3 и шок за домашните играчи и фанови.
Епскиот пресврт се комплетираше во 94-та минута, па Арсими дојде до втора победа во последните три кола, а вкупно трета откако стана прволигаш.
Башкими ја оправда фаворитската улога против чаирчани кои се убедливо последни на табелата. За Башкими тоа е беше петта победа сезонава.

