Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари од четири спорта со специјално зголемени квоти во Sport Life, кои за конечен тип се движат од 1.45 до 1.95.
Понудата започнува со тениски возбудувања , Мастерсот во Мајами е во центарот на вниманието, но во Задар се игра финале меѓу Себастијан Офнер и Алесандро Џианеси во кое Австриецот е фаворит и квотата за триумф изнесува 1,55.
Специјално зголемени квоти за победа има и за Лиам Броди, Варвара Грачева, Бјанка Андреску, Тејлор Фриц како и Петра Квитова. Во Супер типот има и еден ракометен натпревар и тоа дербито во Бундеслигата меѓу Кил и Фуксе Берлин. Во дуелот на третиот и првиот тим на табелата, Зебрите се фаворити и квотата за „кец“ изнесува 1,81.
Понудата вообичаено завршува со хокеј на мраз, Колорадо Аваланш иако игра на гости кај Аризона којотс е фаворит и специјално зголемената квота изнесува 1,65.
Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.