Изминатиов викенд во Белград, Србија, се оддржа Европско ADCC првенство на кое учество зедоа 12 натпреварувачи од најуспешниот македонски клуб Д СТРОНГЕСТ. Настапот на ова првенство може да се означи како успешен затоа што членовите на Д СТРОНГЕСТ освоија 8 златни еден сребрен и четири бронзени медали.
Златни медали освоија во детска категорија Антонио Трајковски, Томи Блажевски, Иван Сапунџиев и Алек Костов, во јуниорска категорија Даниела Алексовска, која ја победи светската ADCC вицешампионка, и Марко Трајановски.
Во сениорска категорија на главниот евент со злато се закитија Даниела Алексовска и Стефан Пецевски. Покрај нив, сребро освои Лука Стојановски, а бронзени медали земаа Леонид Димовски, Горазд Василевски, Стефан Митров и Петра Џатевски.
“Д Стронгест” освои 2 пехари за трето место во детска и сениорска категорија.
Тимот составен од тренерите Алексовски Ивица и Стефан Пецевски и единствениот македонски натпреварувач Даниела Алексовска патува во Узбекистан, каде што од среда започнува Светското IMMAF Првенство.