Петтото коло на Спортска прогноза ќе биде исклучително интересно, бидејќи дури 13 прогнозери во бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија ги имаат погодено сите седум саботни натпревари, па се во игра за погодена Тринаесетка за што им остануваат уште шест натпревари што ќе се играат денеска.
Комбинацијата од шест меча за денеска на 13-те прогнозери кои се во игра за Тринаесетка со која може на најдобриот да му овозможи да си бира подарок од трите варијанти – Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, Сони Плејстејшн 5 ако и денеска бидат без утка е многу интересна.
Возбудувањата ќе започнат во 13 часот со натпреварот меѓу Ремс и Олимпик Лион, а ќе завршат со дербито во Серија А меѓу Аталанта и Јувентус кое е на програмата од 18 часот.
1704 Ремс – Олимпик Лион 1Х 1.28
1009 Нотингам форест – Брентфорд 1 2.85
1808 Дармштад – Вердер 2 2.40
1363 Алавес – Осасуна 1Х 1.39
1708 Лориен – Монпелје 1 2.90
3672 Аталанта – Јувентус Х 2.85