Дури 14 години играше за Манчестер јунајтед, а сега прогласи банкрот!

Вес Браун е фудбалер кој беше дел од ѕвездената генерација на Манчестер јунајтед. Фудбалерот кој во 1997 година дебитираше за Црвените ѓаволи, на „Олд Трафорд“ остана до 2011 година. Во овој период тој беше дел од клубот кој освои пет титули во Премиер лигата, две во ФА купот, а двапати се радуваше и во Лига купот и во Комјунити шилд. Кулминацијата беше освојуањето на двете европски титули во 1999 и 2008 година.

Додека беше во Манчестер јунајтед, Браун заработуваше и до 50.000 фунти неделно и имаше луксузен живот. Освен во Манчестер, Браун играше пет сезони и за Сандерленд, а потоа кариерата ја заврши во првенството на Индија во 2018 година.

Само по пет години откако ја заврши кариерата, Браун беше принуден да прогласи банкрот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wes Brown (@wes_brown24)

Добар дел од богатството Браун го потроши со живот на луксузно ниво, а еден дел од парите и имотот му го зеде неговата поранешна жена Леана. Ријалити ѕвездата која има три деца со Браун, до неодамна кажуваше дека има убав живот, но по 13 години поминати заедно со фудбалерот, се разведе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wes Brown (@wes_brown24)

Браун во февруари оваа година до Судот поднел барање за прогласување банкрот. Тоа барање е потврдено и некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед сега е без ништо, па едноставно мора да почне со градење нов живот.

Браун може да се пофали дека има и 23 настапи за репрезентацијата на Англија. Во 493 натпревари во кариерата постигна девет гола.

- Оглас -

Најнови вести