26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Дури 14 години немало ваков момент во Лигата на шампионите, голманот на Лацио не е свесен што направи (Видео)

Голманот на Лацио, Иван Проведел, е херојот на првиот ден од групната фаза во Лигата на шампионите. Проведел постигна гол во 90+5 минута со кој Лацио се спаси од пораз на свој терен од Атлетико Мадрид.

Дуелот на „Олимпико“ заврши 1:1, а Проведел даде одличен гол со глава буквално во последната секунда затоа што судијата потоа воопшто не дозволи да има игра. По мечот, Проведел не можеше да верува што направил.

„Ова се неверојатни емоции. Не знам што се случува. Уште не можам да верувам дека дадов гол. Најважно е дека се спасивме од пораз. Како игравме, требаше порано да погодиме. Ова е незаборавен момент за мене“, рече Проведел веднаш по мечот.

Речиси 14 години во Лигата на шампионите се немаше случено голман да погоди од игра. Тоа последно го направи Синан Болат во групната фаза од ЛШ во 2009 година. Голманот на Стандард Лиеж даде гол во последните моменти на дуелот против АЗ Алкмар.

- Оглас -

Најнови вести