После натпреварот Канзас Сити чифс – Мајами долфинс од НФЛ лигата, дури 15 навивачи завршиле во болница како последица на замрзнување на телото. Мечот се играше на многу студено време од -20 степени Целзиусови.
На некои фотографии од трибините се гледа дека имало фанови кои биле голи од половината нагоре, а на мустаќите на тренерот на Чифс, Енди Рид, имаше мраз.