Дури 21 прогнозер одигра за десетка, за „влакно“ останаа без ваучер

Во осмата рунда на Спортска прогноза учествуваа над 1.800 играчи, а 21 од нив беа најуспешни во погодувањето на конечните исходи на 13-те меча од основната понуда, но за малку им побегнаа ваучерите од 500 денари кои Sport Life ги доделува за 11 погодени мечеви.

Овие 21 прогнозери имаа погодено по 10 парови, што не е за потценување, особено што во понудата беа мечеви од репрезентативен фудбал, кои некако традиционално се потешки за погодување, но затоа и задоволството е поголемо кога ќе се погодат исходите.

Победата на Венецуела над Еквадор и ремито на Кипар и Малта се покажаа како најнеочекувани резултати за најголем дел од прогнозерите. Триумф на Венецуела предвидоа само 4,9 проценти од играчите, а нерешениот резултат на Кипар го прогнозираа само 9 отсто од прогнозерите.

Паровите за новото, деветто коло сезонава ќе ги објавиме стандарно, денеска во 14 часот, кога ќе може да почнете со типување и прогнозирањето ќе трае до сабота.

- Оглас -

Најнови вести