Дури 23 гола на пет меча во Бундеслигата, Шик за 27 минути му даде 4 гола на Гројтер Фирт

Дури 23 гола паднаа на петте попладневни натпревари во Бундеслигата и тоа е одлична најава за дербито Борусија Дортмунд – Баерн Минхен, каде секој би посакал да продолжи голеадата во Германија.

Најлошо мина последнопласираниот Гројтер Фирт, кој покажа зошто има само еден бод во 14 кола и загуби со катастрофални 1-7 на гостувањето кај Баер Леверкузен. Чехот Патрик Шик се врати после пауза од речиси еден и пол месец, и во второто полувреме (од 49-та до 76-та минута) постигна четири гола.

Шик на 11 настапи сезонава во Бундеслигата има дадено 12 гола.

- Оглас -

Најнови вести