Дури 230 украински спортисти и тренери загинаа во војната со Русија

Владата во Киев на годишнината од руската воена инвазија врз Украина, објави дека повеќе од 230 спортисти, тренери и останати спортски работници, загинаа во војната.

Според податоците, уште 15 спортисти се повредени, 28 се заробени, а четворица се водат како исчезнати.

„Секој спортист што го даде животот за одбрана на нашата земја ќе биде запишан во историјата на нашата земја као ангели на спортот и на Украина. Нема да простиме. Нема да заборавиме“, изјави Вадим Гутзаит, украински министер за спорт и млади кој додаде дека земјата загубила спортисти кои сонувале да ја претставуваат својата земја на големи натпреварувања, а не да војуваат.

https://twitter.com/ZoryaLondonsk/status/1580632119067672576?s=20

- Оглас -

Најнови вести