Дури 31 прогнозери ги фатија сите вчерашни двојки и се во игра за премијата на Спортска прогноза!

Како ретко кога, сите саботни мечеви од основната понуда на Спортска прогноза завршија со победи на гостинските екипи, но тоа не беше проблем за 31 прогнозери кои типувале во 18-тото коло на бесплатната игра, и тие имаат по пет погодоци, и остануваат во игра за 13-ка и да си бираат премија, секако и за ваучери од Sport Life ако имаат една или две утки.

На три од овие пет меча, победуваа екипи кои беа аутсајдери според процентите на прогнозерите. Победа на Аталанта кај Лацио типуваа само 16 отсто прогнозери, победа на Атлетик Билбао против Валенсија 22 проценти, а само една четвртина веруваа во Вулверхемптон против Саутхемптон.

Денеска на менито се осум натпревари и ќе биде интересно да се види колку ќе бидат успешни прогнозерите.

Денешните возбудувања ќе започнат во 14 часот со пресметката на Хетафе и Рајо Валјекано, а речиси половината, 46 отсто од прогнозерите очекуваат нерешен исход.

Кај Монпелје – Брест, „кецот“ е најреална варијанта и такво нешто чекаат 83 проценти од играчите на Спортска прогноза. Кец треба да биде и Болоња против Монца, така веруваат 61 отсто играчи, а две третини типуваат триумф на Борусија Менхенгладбах на гостувањето кај Херта.

Двојка е најтипувана и на Келн – Ајнтрахт, нешто над 53 отсто, а 54 отсто се за победа на Валјадолид против Осасуна.

Лион е фаворит против Ленс според 75 отсто од прогнозите, додека победа на Спортинг Лисабон над Порто е тешко остварлива, но блиску се процентите за икс (43,3) и двојка (42,02).

Ако ги одиграте овие осум мечеви според најчестите прогнози на играчите на Спортска прогноза ќе добиете огромен вкупен коефициент од над 900.

1305 Хетафе – Рајо Валјекано Х

1707 Монпелје – Брест 1

3006 Болоња – Монца 1

1808 Херта – Б. Менхенгладбах 2

1809 Келн – Ајнтрахт 2

1307 Валјадолид – Осасуна 1

1541 Спортинг – Порто Х2

1719 Лион – Ленс 1

 

- Оглас -

Најнови вести