Дури 34 прогнозери се со перфектни пет погодени од петте вчерашни мечеви од саботната понуда од 25-тото коло на Спортска прогноза. Тие остануваат во трката за освојување на мобилен телефон Ајфон 12, но им останува уште многу чекање, потребни им се уште осум погодоци.
И останатите кои имаат само една или две утки, се со теоретска шанса за добивање на вредносни ваучери од Sport Life.
Неделните возбудувања започнуваат во 12.15 часот со дуелот од холандската лига меѓу АЗ Алкмар и Феенорд. Тука прогнозерите се поделени, процентите се блиски, но најмногу (39,3 проценти) типувале двојка.
Дури три четвртини, односно 76 отсто е прогнозата дека Вест Хем ќе слави против Вулверхемптон. Најмногу прогнозери (50,8 проценти) се за икс на дуелот Анже – Ленс, а две третини типувале за победа на Севилја во дербито со Бетис. Што се однесува до белградското дерби, 53,3 проценти од играчите чекаат победа на Ѕвезда.
Најсигурен кец треба да е победа на Реал Сосиедад против Осасуна, затоа што дури 91,5 отсто веруваат во такво нешто.
Дербито на југот на Италија се игра на „Олимпико“, каде Лацио е домаќин на Наполи, а фаворит на прогнозерите е Наполи. Точно 46,8 проценти очекуваат Наполи да победи. Лион е фаворит на 78 отсто од прогнозерите за дуелот со Лил.
Овие осум меча типувани од околу 2.000 играчи на Спортска прогноза, носат огромен вкупен коефициент, доколку ги играте фиксовите на конечен тип за најголемите проценти.
Вака изгледа замислениот тикет со фаворитите на Спортска прогноза:
АЗ Алкмар – Феенорд 2
Вест Хем – Вулверхемптон 1
Анже – Ленс Х
Севилја – Бетис 1
Црвена ѕвезда – Партизан 1
Реал Сосиедад – Осасуна 1
Лацио – Наполи 2
Лион – Лил 1