Огромен е бројот на премиерлигашки фудбалери кои влегуваат во последните шест месеци од своите договори. Тоа значи дека сите овие 82 играчи, на 1-ви јануари ќе можат да започнат преговори со други клубови, па дури и да потпишат преддоговори со нив, доколку тие клубови се неанглиски.
Според правилата во Премиер лигата, секој играч има право да преговара со екипи од елитната дивизија на Англија само во последниот месец пред истек на договорот.
Ливерпул кој е фаворит за првак на Англија, треба да го реши проблемот со три ѕвезди кои се слободни од 1-ви јули, се Трент Александер-Арнолд, Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах. За Трент се зборува дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, останува Црвените да им ги продолжат договорите на Ван Дајк и сезонава незапирливиот Салах.
Од редовите на актуелниот шампион Манчестер сити, налето слободни стануваат Кевин Де Бројне и Илкај Гундоган. Манчестер јунајтед има голем број играчи на кои договорите им истекуваат на крајот од сезоната. Тоа се Амад Диало, Хари Мегваер, Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф, Џони Еванс и Том Хитон.
Мирна е ситуацијата во Челзи, каде речиси и да нема фудбалери со истечен договор во лето, освен резервниот голман Лукас Бергстром.
Најсериозна е ситуацијата во Евертон. Таму дури осум играчи можат да заминат на слободен трансфер по завршувањето на сезоната.
Во Тотенхем треба да ја решат ситуацијата со својата ѕвезда Хеунг-мин Сон, за кого се шпекулира дека би можел да си замине веќе во јануари. Томас Парти, Жоржињо и Киеран Тиерни се играчите на Арсенал кои „висат“.
Борнмут е единствениот клуб од Премиер лигата без играчи на кои договорот им истекува во текот на летото.