Дури 82 години се чека некој да ја тргне Барселона од тронот во Каталонија, дали сезонава дојде време за тоа?

Барселона е фудбалската гордост на Каталонија и на сите им е јасно дека тоа е најдобиот клуб во овој дел од Шпанија. Сепак, оваа година може и да не биде така. Можеби не е за верување, но малиот клуб на Жирона сезонава блеска и сосема заслужено моментално е на второто место на табелата, веднаш зад новиот првак Реал Мадрид.

Жирона има 74 бодови, еден повеќе од Барселона. До крајот на првенството во Шпанија има уште четири кола, а Жирона ќе се обиде да направи нешто што не е сторено цели 82 години.

За прв пат од сезоната 1941-42 постои шанса Барселона да на крајот од сезоната да заврши зад некој друг клуб од Каталонија. Во таа 1942 година Еспањол заврши пред Барселона на крајот од сезоната, а сега Жирона е на пат да го повтори тој подвиг по пауза од повеќе од осум децении.

Дека Жирона сосема заслужено е пред Барселона потврди и во двата меѓусебни дуели во првенството, кога на два пати малиот клуб победи со по 4:2. Со тие победи од по 4:2 Жирона влезе во едно елитно друштво. Тоа е само шестиот клуб во историјата кој на Барселона успеал да му даде по 4+ голови на двата меча во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести