Дури четири НБА мечеви почнуваат пред полноќ, а дербито е Лејкерс – Денвер

Филаделфија и Бруклин уште од 18 часот по македонско време ја отвораат денешната програма во НБА лигата во која дури четири натпревари ќе почнат пред полноќ, а три и ќе завршат пред да почне новиот ден кај нас.

Сепак главното дерби е нешто подоцна, од 1.30 кога во Лос Анџелес на Лејкерс предводени од Лука Дончиќ и Леброн Џејмс ќе им гостуваат Никола Јокиќ и Џамал Мареј со Денвер нагетс. Лука на претходниот меч даде 51 поен, Јокиќ имаше трипл-дабл со 31 поен, 20 скока и 12 асистнции и тоа најавува спектакл на ѕвездите од екс југословенските простори.

Интересно треба да биде и на соседското дерби помеѓу двата тима од Флорида, Мајами има седум, а Орландо шест победи по ред.

Во понудата на Sport Life има и голем број (повеќе од 80) на кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.

- Оглас -

Најнови вести