Дури и Американците се мачат во квалификациите за СП, сензационално загубија од Мексико!

Кошаркарската репрезентација на САД претрпе пораз во квалификациите за Светското првенство. По тешката победа над Куба, Американците беа поразени од Мексико со 88-97.

Во составот на селекторот Џим Бојлен, најпознато име е плејмејкерот Ајзеја Томас, кој веќе не е дел од НБА-лигата. САД беа одлични во првото полувреме и постигнаа 57 поени и водеа со 9 поени разлика, но во вториот дел се случи пресврт.

За САД ова не е прв ваков пораз. Тие исто така користеа играчи од Г лигата и во квалификациите за СП 2019, кога двапати беа поразени во квалификациски мечеви. Откако ќе се пласираат на Мундобаскетот 2023 година, таму сигурно составот ќе им биде само од НБА-играчи, иако и тоа не е гаранција за злато, што се виде и на СП 2019.

- Оглас -

Најнови вести