Дури сега Бензема е недопирлив во Реал

Шпанската телевизија „Ел Чирингито“ ексклузивно објави дека Карим Бензема го продолжил договорот со Реал Мадрид до 2022 година. Тоа е една година повеќе од претходно постоечкиот договор на Французинот со клубот, а неговите добри игри на стартот од новата сезона му обезбедија и поголема плата, која сега изнесува 11 милиони евра по сезона.

Ако тврдењата се покажат како вистинити, тогаш Бензема уште долго време ќе го гледаме во белиот дрес и на терените во Ла Лига. Искусната „деветка“ на Кралевите е во клубот од 2009 година, дојде заедно со Кристијано Роналдо, а и покрај критиките кои ги трпеше низ годините, Бензема константно докажуваше дека е создаден за Реал.

И кога тимот не играше добро на почетокот, Бензема го одржуваше високото ниво, и покрај тоа што од ова лето доби конкуренција за најистурената позиција во форма на Лука Јовиќ. Со шест погодоци, Бензема засега е лидер на листата стрелци во шпанското првенство и тој е играч во кого Зидан најмногу верува и се потпира.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1181355186716983296?s=21

- Оглас -

Најнови вести