Струга Трим Лум уште на стартот од квалификациите за Лигата на шампиони е елиминирана, откако денеска пред своите навивачи загуби со 1:2 од Жалгирис. Струга ТЛ водеше со 1:0, но во последните 15-тина минути прими два гола и ма крајот загуби.
Жал ми е за она што го одигравме, а сме елиминирани. Одигравме на добро ниво во текот на целиот меч. Навреме постигнавме гол, но во следните две три минути направивме грешка, затоа што во тој момент требаше да почнеме со измените, но се случи тоа што се случи“ – кратко коментираше тренерот на Струга Трим Лум, Шпетим Дуро.

