Дуро: Трениравме пенали и на тренинзите никој не промаши

Струга Трим Љум не успеа да освои двојна круна, откако во финалето на Купот загуби од Македонија Ѓорче Петров и тоа дури по изведувањето на пенали. Неверојатно звучи фактот дека играчите на Струга ТЉ ги промашија сите четири пенали и поразот беше неминовен.

Тренерот на Струга ТЉ Шпетим Дуро беше разочаран, а откри дека неговите играчи тренирале пенали.

“ Како подготовка за финалето секако дека вежбавме пенали. Тоа што е најинтересно, на тренинзите сите играчи шутираа по неколку пати и сите погодуваа. Сега беше се обратно. Честитки за титулата на Македонија ЃП. ние доминиравме на теренот но за жал не победивме во 90 минути, а потоа пеналите се лотарија, рече Дуро по поразот во финалето од Македонија ЃП.

- Оглас -

Најнови вести