17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Душан Тадиќ и официјално претставен во новиот клуб (Фото)

Душан Тадиќ и официјално има нов клуб, но тоа нема да биде Црвена ѕвезда. Србинот одлучи да ја прифати понудата на Ал-Вахда од Абу Даби и со оваа екипа потпиша договор на една сезона, со можност да биде продолжен на уште една.

Иако од Црвена ѕвезда ја доби најголемата понуда во историјата на српскиот фудбал, се чини дека Ал-Вахда понуди повеќе, па Тадиќ нема да заигра за „црвено-белите“, барен ова лето.

36-годишниот Србин потекнува од Војдовина, а во својата кариера настапуваше и за Гронинген, Твенте, Саутемптон, Ајакс и Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести