34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Душан Тадиќ во Црвена ѕвезда? Српскиот првак му го нуди најголемиот договор во историјата на клубот

Српскиот првак Црвена ѕвезда се обидува да го привлече Душан Тадиќ и му го нуди најголемиот договор во историјата на српскиот фудбал.


Спортскиот директор на Црвена ѕвезда, Митар Мркела, откри дека клубот испратил официјална понуда до Душан Тадиќ и дека постои околу 50% шанси поранешниот српски репрезентативец да заигра за актуелниот шампион на Србија.

Без сомнение, доаѓањето на Тадиќ на „Маракана“ би ги воодушевило навивачите, а сега се откриени и деталите од понудата која клубот му ја испратил на искусниот фудбалер.

Тадиќ добил понуда на договор со траење од две години со можност за уште една дополнителна, а годишната нето плата би изнесувала 2.000.000 евра.

Дополнително, понудени се и значителни бонуси: 200.000 евра за пласман во Лигата на шампионите, 30.000 евра за секој освоен бод во ЛШ, 5.000 евра за гол или асистенција во ЛШ, истите 5.000 евра важат и за гол или асистенција во Лига Европа, 5.000 евра за бод во ЛЕ, 30.000 евра за освојување на титулата во Суперлигата, 10.000 евра за освојување на Купот на Србија, 5.000 евра за секој гол или асистенција во домашните натпреварувања.

Доколку Тадиќ навистина потпише и оствари успешна сезона со Црвена ѕвезда – со двојна круна, пласман во ЛШ и двоцифрен број голови и асистенции, тогаш неговата заработка би можела да надмине и 2.500.000 евра годишно.

Тоа би бил највредниот договор во историјата на српскиот фудбал, а не се исклучува можноста Тадиќ по завршување на играчката кариера да добие и директорска функција во клубот.

- Оглас -

Најнови вести