Конечно дочека: Душан Влаховиќ е фудбалер на годината во Србија

Фудбалскиот сојуз на Србија објави дека играч на годината кај нашиот северен сосед е напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. Влаховиќ првпат во кариерата го добива ова признание. Лани и преклани наградата одеше во рацете на Александар Митровиќ.

Тренер на годината е Владан Милојевиќ од Црвена ѕвезда. Тој по третпат е прогласен за најдобар српски тренер, претходно победуваше и во 2017 и во 2018 година.

Доделувањето на српската Златна топка ќе биде утревечер.

- Оглас -

Најнови вести