26.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Душан Влаховиќ ќе потпише за екипата чии навивачи му порачаа дека ќе му отсечат три прста (Фото)

Јувентус инсистира по секоја цена летово да се ослободи од Душан Влаховиќ, но Србинот не сака да потпише за екипа кој ќе му дава плата помала од 10 милиони евра годишно.

Од таа причина пропаднаа трансферите во Милан и Наполи, а Влаховиќ ги одби Фенербахче, како и екипите од Саудиска Арабија.

Пред две години за него имаше интерес од ПСЖ, а сега тој интерес е обновен, но интересна причината зошто овој трансфер не се реализираше во 2023 година. Тогаш навивачите организираа протести, а на еден транспарент закачен на стадионот на ПСЖ пишуваше „Влаховиќ, ако дојдеш во Париз – ќе ти отсечеме три прста“.

- Оглас -

Најнови вести