19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Душан Влаховиќ ќе си замине од Јувентус како дел од голема размена на фудбалери?!

Италијанскиот репрезентативец и член на Њукасл, Сандро Тонали, е желба број еден на Јувентус за летниот трансфер период. Раководството на „старата дама“ не бира начин како да дојде до неговиот потпис, а сега има интересен предлог за „страчките“.

Јувентус ги нуди Душан Влаховиќ и Даглас Луис во замена за Сандро Тонали, а Њукасл сериозно размислува за оваа понуда. Александер Исак речиси сигурно си заминува налето, па Влаховиќ би бил одлично засилување на Њукасл.

Од друга страна пак, Даглас Луис има петгодишно искуство од играње во Премиер лигата, бидејќи веќе беше член на Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести