14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Душан Влаховиќ следното лето ќе бира помеѓу Барселона, Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, следното лето ќе биде слободен фудбалер и бесплатно ќе може да си бара нов клуб. Веќе се знае дека интерес за него има од Барселона, Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид, а како што изјави и самиот предност ќе имаат екипите од Премиер лигата, пред се поради финансиските услови.

Србинот очекува дека ќе добие плата од најмалку 10 милиони евра годишно, но и бонус од 10 милиони евра за трансферот како слободен фудбалер, а тоа веднаш ги исклучува од трката шпанските екипи.

Овие услоби може да му ги исполни Манчестер јунајтед, но Барселона очајно е во потрага по наследникот на Роберт Левандовски, па раководството на „каталонците“ ќе се обидат да го убедат да ги намали побарувањата и да се пресели на „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести