Некогашниот член на Вардар, Алекс Душебаев, по осум сезони ќе го напушти Кјелце и ќе се впушти во нов предизвик во кариерата, избирајќи ја германската Бундеслига.
Иако беше поврзуван со Вардар и Кил, шпанскиот репрезентативец ќе заигра за тимот на Гумерсбах, со којшто потпиша договор до 2029 година.
Триесет и тригодишниот Душебаев ќе биде дел од клубот предводен од легендарниот Гудјон Валур Сигурдсон.
За Шпанецот, Гумерсбах ќе биде шести клуб во кариерата, по Кјелце, Вардар, Арагон, Ла Риоха и Сиудад Реал.

