Шпанија и Хрватска се двете репрезентации кои досега се непоразени на Европското ракометно првенство, а денеска ќе играат меѓу себе за да одлучат кој ќе биде прв во групата, а кој втор. На Шпанците им одговара и реми за да останат лидери, додека Хрватска мора да се радува ако сака да заврши како најдобра.
Интересно е што ова ќе биде дуел на неколку поранешни вардарови играчи. Во шпанската селекција дресот на македонскиот гигант го носеа Кањелас, Душебаев, Македа, а на спротивната страна тоа се Циндриќ и Карачиќ. Заедничко на сите овие играчи е тоа што се имаат радувано на европска титула со Вардар во Лигата на шампионите.
Хрватите се интересираа што мисли Душебаев за денешниот меч против Коцкестите, а дел останале зачудени кога Шпанецот почнал да им одговара на македонски јазик за подобро да се разберат. Алекс со Игор Карачиќ играше заедно со Вардар, а сега се заедно и во Кјелце.
„Хрватска има многу добар тим, каде што имам добри пријатели. Мило ми е поради Игор што и Хрватска си обезбеди место во полуфиналето. За мене не е изненадување што Хрватска игра толку добро. Сите победи ги заслужија со добра игра“, рече Душебаев.
Запрашан за тоа дали може да се случи Шпанија и Хрватска да играат двапати само во неколку дена, а нормално, вториот меч да биде во борба за златото, Алекс без двоумење рече: „Тоа би било сјајно. Каде да потпишам за да биде така? Веднаш би прифатил такво сценарио“, е одоговорот на Алекс Душебаев.