Душман на Барселона станува соиграч на Пјаниќ и Алкасер

По Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер, клубот Ал-Шарџа од Обединетите Арапски Емирати во своите редови ќе донесе уште еден познат фудбалер од Европа, станува збор за дефанзивецот Костас Манолас.

Ексиграчот на Рома и Наполи во моментов е член на Олимпијакос, за гигантот од Пиреја одигра само 18 меча и веќе постигнал договор за преселба во Ал-Шарџа, каде што треба да остане до јуни 2024 година.

Во новата средина, клупски колеги ќе му бидат ексиграчите на Барса, Пјаниќ и Алкасер, а Манолас не е баш омилен кај фановите на каталонскиот клуб. Во 2018 година, тој го постигна голот за 3-0 со кој Рома ја елиминира Барселона од Лигата на шампионите и со тоа почна низата незаборавни елиминации на Каталонците од елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести