Домагој Дувњак е избран за најдобар ракометар на Европското првенство што денеска треба да заврши со финалето меѓу Хрватска и Шпанија во 16.30 часот.
Во идеалниот тим од шест ракометари и голман има и двајца поранешни играчи на двојниот европски првак Вардар, а место во најдобриот тим заслужија Игор Карачиќ на среден бек и Хорхе Македа како десен бек.
Најдобар голман е Перез де Варгас, на лево крило е магнус Јондал, лев бек е Сандер Сагосен, а десно крило е Блаж Јанц. Пивот број 1 на шампионатот во изборот на ЕХФ е Бенце Банхиди, а избран е и најдобриот дефанзивец и наградат оди кај Хендрик Пекелер.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1221393885441810434?s=20