Дувњак: Ова е шок за нас, Червар вели: Се исплашивме

Домагој Дувњак одигра солиден меч во шокантниот пораз на Хрватска против Бразил, а вели дека не ни сонувал дека неговата репрезентација ќе загуби од аутсајдерот.

Со одлична игра Бразилците славеа со 29:26 и ја доведоа Хрватска да стравува за пласман во полуфиналето, кое беше на дофат, а сега е далеку.

„Не знам што се случи. Ова е шок за нас. Ниту еднаш не водевме, не игравме одбрана, не игравме ништо“, изјави Дувњак. Тој беше прв стрелец во поразениот состав со шест погодоци.

Лино Червар покажа против Шпанија дека се уште е ракометен маг, но ги загуби конците на играта против Бразил. Хрватска прими дури 8 голови на празна мрежа во играта 7 на шест ракометари, што беше еден од клучевите за неуспехот на „коцкестите“.

„Се исплашивме и ова е нашата реалност. Се мачевме со нивната длабока одбрана и затоа игравме 7 на шест. Тешко ми е да признаам, но Бразил заслужено не победи“, изјави Червар.

Утре Хрватите ќе играат со еден од домаќините на Мундијалот со Германија и им треба победа, идентично како и против Франција во последниот меч за нив во втората фаза по групи, за да се пласираат во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести