Домагој Дувњак беше нерешлива енигма за одбраната на македонската ракометна репрезентација, постигна шест голови, но имаше и 8 асистенции, па заслужено ја доби наградата за најдобар играч на мечот. Хрватска победи со 31:22, а бекот на Хрватите вели дека само навидум изгледало лесно.
„Сè е супер сега, победуваме, одигравме одлично, иако не е лесно да ги победите Македонците. На теренот беше потешко отколку што кажува конечниот резултат, но важно е дека победивме. Им благодарам на навивачите. Тие ни помогнаа многу да ги освоиме бодовите“, изјави Дувњак по мечот.
Тој и Манасков беа најефикасни на мечот со по 6 голови, но победникот се памети, а Дувњак ја заслужи наградата МВП на мечот.