Дувњак: Срцето ќе ми пукне, сега мирно можам да се пензионирам!

Хрватската ракометна легенда Домагој Дувњак изјави дека победата над Франција во полуфиналето на Светското првенство била остварена со перфектна одбрана и дека сега може мирно да се повлече.

„Голема благодарност до момците и прекрасната публика. Ова што го одигравме денеска беше перфекција во одбраната. Срцето ќе ми пукне. Всушност, во шок сум, млади момчиња, а играат толку храбро и паметно. Среќен сум поради нив. Се надевам дека нема да чекаме толку долго за следниот медал. Неверојатно е колку проблеми имаме во текот на целиот турнир, а никој не се пожали. Му благодарам на селекторот што трпи повреден играч на клупата. Можам мирно да ја напуштам репрезентацијата. Вечерва ќе славиме, а од утре се фокусираме на финалето“, изјави Дувњак.

- Оглас -

Најнови вести