Два англиски гиганти експресно се повлекоа од преговорите кога дознаа колкава плата бара Мбапе

Поранешните англиски шампиони Арсенал и Ливерпул експресно се повлекле од преговорите со Килијан Мбапе откако ги слушнале барањата на напаѓачот, пишува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.

Според весникот, Мбапе налето ќе потпише за Реал Мадрид како слободен играч и ќе заработи вистинско богатство иако и актуелниот тим ПСЖ на сите начини се обидува да го натера да се премисли.

„Мундо депортиво“ пишува дека Мбапе во Реал Мадрид ќе заработува околу 125 милиони евра по сезона со бонуси.

Кога челниците на Арсенал и на Ливерпул ја слушнале оваа сума, веднаш се повлекле од преговорите.

 

- Оглас -

Најнови вести