Два бизарни пенала на еден меч во Германија се хит во Европа (Видео)

На мечот од втората германска Бундеслига меѓу Магдебург и Гројтер Фирт се случи еден раритет кога беа досудени два пенали, и тоа на идентичен начин. Во 15-тата минута, гостинскиот играч Јунг ја фати топката со рака во сопствениот шеснаесетник, и тоа откако претходно голманот ја изведе топката, што значи дека акцијата беше во тек.

Судијата Бастијан Данкерт немаше многу дилеми и досуди пенал за домашниот тим. Голманот го одбрани пеналот, но од одбиената топка, домаќините сепак постигнаа погодок.

Следниот пенал беше во 42-рата минута, а овојпат истата ситуација се случи во шеснаестникот на домашниот тим. Даниел Хебер реши да ја фати топката со рака, мислејќи дека играта е прекината, но арбитерот покажа дека тоа е пенал.

Гостите постигнаа гол од овој пенал, а дуелот на крајот заврши нерешено 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести